недела, 14 декември 2025

Протест пред Општината Аеродром, утре пoпладне пак

Вечерва жителите на скопската населба Аердром протестираа пред зградата на општината. Главната нивна порака останува да биде – „Сакаме чист воздух“. Надлежните немаат решение за депонијата Вардариште које е узурпирана од неформални собирачи и препродавачи на отпад, кои често палат кабли за да го продадат металот. Од ова најмногу страдаат жителите на Ново Лисиче и Аеродром.

Објавено на

часот

Сподели

Утрово овие жители блокираа една од крстосниците во населбата што предизвика застој во сообраќајот, од Аеродром до Центар се патуваше и по еден час, имаше многу нервози, доцнења на работа и на училишта, долги колони возила…

 

Се бара решение за Вардариште – сега, а не по локалните избори. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека среде депонијата живеат повеќе од 200 луѓе. „Страшно е од секој аспект, страшно е. Индициите се дека потпалувањата се сторени од мал дел од тие луѓе. Не можеме да го ограничиме правото на пристап на тие луѓе во Вардариште, овој проблем е таложен со години и не може да го решиме за една недела. Тие луѓе треба да бидат дислоцирани, местото да се исчисти, отпадот да се однесе на друга локација“, рече Тошковски.
Граѓаните велат дека ќе чекаат да видат токму таква акција, а дотогаш ќе продолжат да протестираат. Утре во 18 часот.
Иницијаторите на протестите вечерва од пред седиштето на општината најавија дека утре сабајле нема да има блокада на крстосницата кај мостот Близнак и дека ќе се протестира како и секој ден, од 18 часот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ