На протестот присутните бараа институционална одговорност и санкции, како и оставки и дисциплински постапки за полицајци, обвинители, вработени во Центрите за социјална работа, односно за сите што биле запознаени со случајот на Росица. Освен тоа, од протестот се побара да се направат и обврзувачки протоколи за полицијата, судството, обвинителството и Центрите за социјална работа.
Протестот продолжи кај паркот „Жена борец“ во Скопје.











