понеделник, 26 јануари 2026

Протест на превозниците: Блокиран сообраќајот за камиони на сите гранични премини

Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија (ЕУ), македонските превозници, како и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина (БиХ), најавија дека од денеска ќе почнат седумдневна блокада на граничните премини што одат кон шенген-зоната. Се бара решавање на проблемот со евиденција на престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена за професионалните возачи.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на граничниот премин (ГП) Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија, соопшти АМСМ.

Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато.

Од 12 часот пред ГП Долно Блаце почнат е протест на превозници со тешки моторни возила поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП „Дизел“, а другиот сообраќај се одвива нормално.

Од 12 часот почнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село.

Засега блокиран е само сообраќајот за тешки товарни возила за излез од државата, а за другите категории возила се одвива непречено.

Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, македонските превозници, како и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, најавија дека од денеска ќе почнат седумдневна блокадана граничните премини што одат кон шенген-зоната. Се бара решавање на проблемот со евиденција на престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена за професионалните возачи.

„Протестот во сите четири држави ќа почне во 12 часот за сите возила што излегуваат од државата, а за сите возила што ќе влегуваат во државата граничните премини се затвораат во 00.00 часот со цел сите што се враќаат дома да може да влезат и да му се приклучат на протестот. Главното барање на превозниците е да се најде решение за престојот на возачите во шенген-зоната да не се евидентираат денови или да ни издаваат некој вид визи што не се лимитирани со број на денови“, изјави Билјана Муратовска, генерален секретар на Асоцијацијата на здруженијата на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија, „Макам-транс“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ