Протестот го нарекоа антивоена блокада за да укажат дека „политиката на нашето МНР е вазалска и поддржува војна и уништување во кое умираат цивили, жени и деца“.
„Не во наше име. Ова мора да запре. Оваа недела Израел и САД во нападите убија над 100 девојчиња додека траат т.н. преговори за мир. Во меѓувреме, го затворија преминот Рафах, преку кој се евакуираат најтешко повредените, болните и изнемоштените Палестинци, и направија стотици прекршувања на меѓународното право“, велат од иницијативата.
Со поддршката на нападите, порачаа тие, нашата држава ги прекршува обврските што ги презела пред меѓународната заедница, односно големиот број ратификувани меѓународни договори и конвенции за заштита на човековите права и почитување на меѓународното право.
МИА






