недела, 13 јули 2025

Проширувањето на 400 киловолтниот далновод помеѓу Македонија и Албанија е во завршна фаза

Еден од најважните енергетски проекти во Западен Балкан, проширувањето на 400 киловолтниот далновод помеѓу Македонија и Албанија е во завршна фаза, објавија албанските медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Проектот е  имплементиран со поддршка на Европската Унија и германската влада, преку Германската банка за развој (КфВ).

Овој значаен зафат е во вкупна вредност од 67,5 милиони евра, од кои 50 милиони евра се финансирање во форма на заем од КфВ во име на германската влада; 17,5 милиони евра се неповратен грант од Европската Унија преку ВБИФ (Инвестициски фонд за Западен Балкан).

Проширувањето на 400 киловолтниот далновод вклучува изградба на два сегмента од далноводот Елбасан-Фиер и Елбасан- граничен премин Ќафасан, на албанско –  македонската граница кај Струга, со вкупна должина од 130 километри, изградба на новата 400/220 киловолтна  трафостаница „Елбасан 3“, како и рехабилитација на постојната во Фиер.

„Клучните придобивки за регионот вклучуваат зголемена прекугранична енергетска безбедност, развој на модерна инфраструктура за чиста енергија, поддршка за економски развој и создавање работни места и подобрена регионална координација во случаи на енергетски кризи“, оценуваат од Министерството за енергетика.

Додаваат дека оваа инфраструктура значително ќе го зајакне капацитетот за пренос на електрична енергија и ќе создаде клучна точка за поврзување со енергетскиот систем на Македонија, воспоставувајќи силна основа за регионалниот пазар на електрична енергија во Западен Балкан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ