Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите, образование за 14,9 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 12,6 и транспорт и складирање за 11,5 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите, преработувачка индустрија за 3,5 отсто, јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување за 1,8 и рударство и вадење на камен за 1,1 отсто.
Просечната, пак, месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември годинава изнесува 68.392 денари и исто така е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец од минатата година.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите, образование за 15,1 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 12,8 и транспорт и складирање за 10,6 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите, преработувачка индустрија за 3,6 отсто, јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување за 1,9 и рударство и вадење на камен за еден отсто.






