Како што информира ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 15.1 % и образование за 14.4 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување за 13.5 %, трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5.4 % и рударство и вадење на камен за 5.1 %.
Просечната бруто-плата, пак, по вработен во мај 2025 година изнесувала 68.859 денари.






