четврток, 22 јануари 2026

Просечната нето-плата во ноември 45.961 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во ноември 2025 година изнесувала 45.961 денар и во однос на истиот месец лани е повисока за 9,4 отсто, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Објавено на

часот

Сподели

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во секторите, административни и помошни услужни дејности за 16,5 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 11,1 отсто и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10,9 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите, јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 3,5 отсто, административни и помошни услужни дејности за 2,2 отсто и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 1,2 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во ноември 2025 година изнесувала 69.141 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ