понеделник, 2 јуни 2025

Просечната нето плата во март изнесува 44.763 денари, објави ДЗС

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2025 година, изнесува 44.763  денари и во однос на истиот месец лани е повисока за 10.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Објавено на

часот

Сподели

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите образование за 15.8 отсто, рударство и вадење на камен за 14.1 отсто и административни и помошни услужни дејности за 12.5 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење на камен за 12.3 отсто, уметност, забава и рекреација за 6.8 отсто и преработувачка индустрија за 6.4 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2025 година изнесува 67.240 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ