понеделник, 23 март 2026

Просечната нето-плата во јануари 46.617 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 46.617 денари, која е повисока за 8,3 отсто во однос на јануари 2025 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Објавено на

часот

Сподели

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите административни и помошни услужни дејности за 12,9 отсто, трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 11,1 отсто и преработувачка индустрија за 10,5 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите транспорт и складирање за 7,4 отсто, градежништво за 5,3 отсто и финансиски дејности и дејности на осигурување за 3,8 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 70.066 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ