понеделник, 23 март 2026

Просечната нето-плата во јануари 46.617 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 46.617 денари, која е повисока за 8,3 % во однос на јануари 2025 година, објави Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: aдминистративни и помошни услужни дејности за 12,9 %; трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 11,1 % и преработувачка индустрија за 10,5 %.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: транспорт и складирање за 7,4 %; градежништво за 5,3 % и финансиски дејности и дејности на осигурување за 3,8 %.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 70.066 денари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ