петок, 12 декември 2025

Пронајдена мртва гостиварка за која има сомнежи дека претходно била грабната

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гостивар во текот на ноќта извршил увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификуван починат човек закопан во дупка, информираа утрово од Јавното обвинителство.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Поради сомненија дека станува збор за жена која била претходно пријавена за исчезната со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител нареди обдукција и идентификација на починатото лице и прибирање траги од лице место. Во текот на ноќта беа преземени повеќе истражни дејствија, по што за едно осомничено лице е одредена мерка краткотраен притвор од 48 часа за обезбедување докази, додека уште едно лице е задржано и за него се вршат проверки. По наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот“, соопштија од Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ