„Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Од лице место подигнати се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторителот“, информираа од Јавното обвинителство.
Пронајден починат маж, обвинителството се сомнева дека е убиен
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци изврши увид на лице место во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж. Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело. Претходно, семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам.

Објавено на
часот





