Во 13:15 часот денеска на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, била добиена пријава за залутан планинар на планината Кожуф, во близина на селото Мрежичко.
„Лицето било планинар од Скопје, кое претходната ноќ ја преспало во планината. Поради лошите временски услови и наросувањето од снег, загубило ориентација и решило да побара помош од службите“, појаснуваат од ЦУК.
Надлежните биле информирани од страна на ЦУК.
Како што наведуваат од ЦУК, со брза и координирана интервенција дошло до успешно пронаоѓање на залутаниот маж.