четврток, 10 јули 2025

Пронајден опасен експлозив во Калишта и Кавадарци, граѓаните да не го допираат, да пријават на 112, апелираат надлежните

Неексплодирано убојно средство (НУС) од минатите војни е пронајдено кај село Калишта, струшко при изведба на градежни работи во близина на кампот „Рино“, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Пронајдената артилериска граната со калибар 105 милиметри (ММ) била од Првата светска војна, и била пронајдена во двор меѓу изградени куќи. Безбедно е подигната и транспортирана до место за нејзино складирање, а потоа и за уништување, од страна на Ѓорѓи Стефанов, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. А, кавадарчанец при реновирање во ѕидот од домот пронашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитил, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

ДЗС информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при вакви случаи кога ќе се најдат опасни неексплодирани убојни и други средства.

„Конкретно, ДЗС апелира дека при прошетки во природата, во случај кога граѓаните ќе пронајдат неексплодирани убојни средства да не ги допираат и поместуваат, туку едноставно да се јават на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК. По пријавата, надлежните институции и служби од Системот за управување со кризи, самостојно или комбинирано со стручни лица, ќе се погрижат безбедно да бидат отстранети или неутрализирани, односно да бидат уништени опасните пронајдени работи, согласно конкретните просторни услови, ситуации, а и карактеристики на опасните НУС“, велат од ДЗС.

А, кавадарчанец при реновирање во ѕидот од домот пронашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитил, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) – Велес.

„Синоќа во 20:40 часот во ОВР – Кавадарци, Н.М., на возраст од 39 години од овој град, пријави дека при реновирање во неговиот дом, во внатрешноста на ѕидот пронашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитил. Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување безбедно ги подигнал предметите, а увид на местото изврши увидна екипа на ОВР – Кавадарци“, соопштија од СВР – Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ