недела, 29 март 2026

Пронајден мртов ловочувар во близина на Виница, Обвинителството извршило увид на лице место

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани изврши увид на лице место во близина на Виница каде беше пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје, информираа од Јавното обвинителство.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Со преземените дејствија до овој момент, лицето е идентификувано како ловочувар, кој бил дел од група за комерцијален лов. Во тек се дејствија на обезбедување докази, се вршат претреси и соодветни вештачења на траги. Задржани се тројца странски и еден македонски државјанин кои биле дел од групата за комерцијален лов и за кои се испитува дали биле инволвирани во пукањето. До целосно испитување на настанот тие ќе бидат обезбедени“, информираа од ОЈО Кочани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ