Тошевски потврди дека планинарот најверојатно избрал друга патека на движење низ планината и пристигнал во селото Нижо Поле.
„Планинарот беше достапен на телефон во еден период, а потоа сигналот се изгуби. Пријавивме во СВР Битола и со екипа на НП Пелистер се упативме на терен. Но, околу 15:50 часот информирани сме дека планинарот од Прилеп безбедно стигнал во населеното место Нижо Поле“, потврди Тошевски МИА.






