четврток, 19 март 2026

Промовирани современи научни методи и практични решенија за моделирање на воздухот во урбаните средини

Современи научни методи и практични решенија за моделирање на воздухот во урбаните средини, со особен фокус на локалните предизвици во градот Скопје, се промовирани на дводневната работилница „Чист воздух и одржливи градови, современи научни и практични пристапи кон одржливо управување со квалитетот на урбаниот воздух – меѓународни искуства и локални предизвици“, што се одржа во изминатите два дена на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Работилницата комбинираше меѓународни и локални искуства преку семинари, практични вежби и дискусии, овозможувајќи студентите и учесниците од академската заедница да стекнат увид во применетите истражувања и да придонесат кон долгорочна експертиза во моделирањето, анализата на квалитетот на воздухот и креирање релевантни мерки за намалување на загадувањето.

За методите за собирање податоци во реално време, моделирање на загадувањето и лабораториска верификација – активности кои се реализираат во текот на проектот, свои мислења, искуства и практики споделија и меѓународни експерти од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC), Универзитетот Меквори во Сиднеј, Австралија, Универзитетот во Нови Сад, Србија, Универзитетот за технологија во Киелце, Полска и други релевантни научни институции.

„Работилницата имаше за цел да ги промовира современите научни методи и практични решенија за моделирање на воздухот во урбаните средини, со особен фокус на локалните предизвици во градот Скопје – информира Машинскиот факултет – Скопје, кој носител на проектот „Применето моделирање на квалитетот на воздухот и валидација на мерките за ублажување на штетните ефекти преку идентификација на изворите“, во чии рамки се одржа работилницата.

Проектот е дел од предложената мерка на Работниот комитет за енергетика, со цел подобрување на квалитетот на воздухот и се реализира како дел од процесот на имплементација на Националната развојна стратегија 2024–2044, преку програма предводена од Владата и Генералниот секретаријат, во соработка со УНДП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ