вторник, 1 април 2025

Промовирана реконципираната постојана поставка „Македонија во Втората светска војна“

Музејски предмети, примарни извори, фотографии, лични фондови претставени преку неколку тематски целини со кои автентично се портретира клучната етапа од Втората светска војна во која македонскиот народ ја создавал независната и суверена држава се само дел од реконципираниот дизајн на делот од постојаната поставка „Македонија во Втората светска војна“ која беше промовирана пред публиката во Националната установа (НУ) Музеј на македонската борба за самостојност, информираа од Музејот.

Објавено на

часот

Сподели

Во експозицијата се претставени Денот на народното востание, 11 октомври 1941, идеологија, карактеристики, платформа, оружје и воена опрема, другите народности во македонските партизански единици, слободни територии во 1943, лични и семејни фондови – семејство Циривири, лични предмети, ордени и медали доделени на генерал Михајло Апостолски, темели на современата македонска држава – Првото заседание на Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија – АСНОМ и традиција што се негува, односно културната меморија за НОАВМ.

Промоцијата на поставката се реализираше со едукациска работилница „Биди кустос на еден ден“ заедно со учениците од основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци од Скопје. Учениците имаа можност да се запознаат со музејската работа, предметите, постојаните поставки, и одблизу да искусат што значи да бидеш кустос, чувар на културното наследство. Резултатите од евалуацијата на работилницата открија голем процент на  евалуацијата на задоволство меѓу учениците за можноста на ваков начин да ги доживеат музеите и нивните приказни.

Автор на проектот е м-р Данијела Трајкова Крстиќ, виш кустос во музејот, а проектот е поддржан во годишната програма на Министерството за култура за минатата година.

Музејот е отворен секој ден освен понеделник, од 10 до 18 часот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ