Ќе дува умерен, а на одделни места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец, што ќе придонесе за дополнително заладување – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во наредните денови времето ќе се задржи променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени.






