сабота, 3 јануари 2026

Променливо облачно време, со локални врнежи од дожд, на повисоките планини снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови на земјава ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1 степен, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно. Во делови од котлината ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност, во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ