недела, 7 декември 2025

Променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Денеска нѐ очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, се наведува во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира УХМР, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 л/м2 за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ