Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури до 36 Целзиусови степени. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.






