Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Утре и задутре преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).






