четврток, 26 март 2026

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд и дневни температури од 10 до 21 Целзиусов степен. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер.

Утре времето ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m² ), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневните температури ќе се движат од 7 до 15 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ