сабота, 20 декември 2025
Време

Променливо облачно, попладне дожд, утре и снег на планините

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно со слаб северен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.

Утре времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Дневните температури ќе се движат од 5 до 13 Целзиусоци степени. На повисоките планини на северозапад ќе има услови врнежите од дожд да преминат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ