Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.
Утре облачно со повремени локални врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во текот на ноќта и дневни температури од 4 до 9 степени. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.






