Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 2, а максималните ќе достигнат до 17 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Денеска и утре, утринската температура наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Од сабота ќе дува југоисточен ветер, кој в понеделник и вторник ќе достигнува брзина од 60 km/h. В петок, ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Во вторник во западните делови и в среда на повеќе места ќе има локален дожд и појава на грмежи.






