Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со можната смена на министерот Фатмир Лимани, по објавената фотографија со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Мицкоски истакна дека сите дилеми ќе бидат разгледани во рамки на најавената реконструкција.
Тој потенцираше дека во моментов коалицијата има „исклучително коректна соработка“ и не постои потреба од преговори со нови политички субјекти.
„Образот го чувате цел живот, а го губите само еднаш“, порача Мицкоски, по пуштањето во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово.






