Интересот за изборот останува на високо ниво, а значаен придонес во тоа има и заедничкиот ангажман на организаторите и партнерите во промоцијата на финалистите. Како и претходно, сите номинирани модели беа подеднакво претставени пред јавноста, овозможувајќи фер и транспарентен процес на гласање.
Победници по категории
По завршувањето на гласањето, познати се победниците во секоја од категориите:
– Главна награда – Најпосакуван автомобил во Македонија со 43,2% од гласовите: Audi Q5
– Најпосакуван семеен свтомобил во Македонија со 25,3% од гласовите: Opel Frontera
– Најпосакуван градски свтомобил во Македонија со 26,5% од гласовите: Renault Clio
– Најпосакуван електрифициран автомобил во Македонија со 21,6% од гласовите: Lynk & Co 08
Правото на глас го имаа сите корисници со пристап до интернет и социјални мрежи, што овозможи репрезентативен примерок и реален приказ на преференциите на македонските купувачи.
Кога станува збор за самиот избор, учество можеа да земат сите нови автомобили кои се промовираа на пазарот во изминатите 12 месеци. На конечната листа се најдоа моделите кои овластените импортери одлучија да ги номинираат.
По ова, финалистите беа ставени на гласање пред јавноста, а сите лица во земјава кои имаат пристап до интернет и социјални мрежи можеа да го дадат својот глас, според кој се добива конечниот резултат.
Официјалниот настан за доделување на наградите ќе се одржи на 15 април со почеток од 19 часот, во ресторанот Рагуза парк, каде победниците ќе ги добијат своите признанија.






