петок, 13 март 2026

Професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка е суспендиран

Професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, против кого имаше пријава за сексуално вознемирување од ученичка, е суспендиран. Ова денеска го изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Објавено на

часот

Сподели

Државниот просветен инспекторат постапува. Пријавен е во полицијата, истакна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на резултатите од истражувањето „Анализа на финансиската писменост во основното образование“.

„На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“,информираа од МВР.

Судија на претходна постапка одредил мерки на претпазливост – одземање патна исправа, забрана за определни работни активности поврзани со кривичното дел и забрана за приближување на професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кој е осомничен за кривично дело „сексуално вознемирување“ врз своја ученичка, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ