недела, 14 декември 2025

Продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена

Владата ја информира јавноста дека на владината седница донесена е одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена.

Објавено на

часот

Сподели

Со ова продолжува да се обезбедува навремена помош за сите засегнати подрачја, односно сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички остануваат мобилизирани, сè со цел да се справат со пожарите и заштита на населението од огнените стихии.

Имено, поради висок ризик од шумски пожари во државата, од Владата апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да ја почитуваат целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште (донесена од 01.07.2025 година и ќе трае до 31.08. 2025 година). Во спротивно сите оние кои не се придржуваат кон оваа одлука, која е донесена за спречување на пожари, ќе бидат казнети со парична казна од 1.500 до 2.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ