„Регионалниот центар за управување со кризи го известува населението од селата Стамер, Град, Вирче, Тработивиште и Разловци дека на ден 20.06.2025 година (петок) во периодот од 9:00 часот до 14:00 часот ќе се спроведе гаѓање со огнено оружје на привременото стрелиште на место викано Виречка полјана атар на село Вирче. Поради тоа се известува населението дека во определениот период во поширокиот реон на стрелиштето се забранува секакво движење на луѓе и вршење на било каква работа и испаша на домашни животни“, се вели во соопштението од РЦУК Делчево.
Целта на забраната, како што се додава во соопштението, е за да се спречат евентуални несакани последици. Боево гаѓање на споменатата локација беше реализирано и во текот на денешниот ден.