Исчезнувањето на лицето, кое последен пат било видено на 5 април (сабота), било пријавено на 7 април 2025 година во 16:20 часот преку Единствениот повикувачки број за итни случаи – 112.
Од почетокот на потрагата биле известени МВР Штип и Локалната самоуправа, по што биле вклучени и други надлежни институции и граѓански организации.
Во текот на вчерашниот ден, на зборното место кај продавницата во село Лакавица, учесниците во потрагата биле организирани во повеќе групи и распоредени по правци за да се покрие поширок реон. Со поддршка на три до четири дронови и службени и приватни, биле пребарувани тешко пристапни терени, вклучително и долови и водени површини покрај надојдената рекичка Лакавица.
Во акцијата биле вклучени 10 полициски службеници од МВР, извидници од Извиднички одред „ЕКВИНОКС – Штип“, ловци од ЛЗ „Ловец“ Штип, доброволци од РЦУК Штип, жители од блиските села, како и роднини на исчезнатото лице. Ловочуварите од ловиштето „Лакавица – Патрик“ спроведувале теренски претраги и ја следеле ситуацијата преку видеонадзорот поставен на нивната територија.
И покрај досегашните напори, лицето сè уште не е лоцирано.