На денешното рочиште ќе се гледаат снимки од системот од „Безбеден град“ на МВР и снимки од пред куќата на Манев, кога четворицата обвинети биле таму вечерта пред убиството на Панче Жежовски. Според снимките, Палевски и Кешишев рано изутрината повторно доаѓаат пред куќата на Манев, од каде четворицата тргнуваат да го киднапираат Жежовски, по што тој беше убиен.
На минатото рочиште на прашање од новинарите за тоа дали се бара пиштолот со кој е извршено двојното убиство, јавната обвинителка Ана Стојковиќ Димитровска рече дека тие имаат доволно докази кои ја докажуваат вината на сите обвинети.
За денеска дополнение на доказите најавија и бранителите на Палевски, Видески и на Ѓорчевски. Потоа следуваат завршните зборови, па изрекувањето на пресудата.
Според обвинението, Палевски, Манев, Видевски и Кешишев на 22 ноември 2023 рано наутро го грабнале и го убиле велешанецот Жежоски за да му го земат возилото „цитроен“. Возилото им требало за грабнување на девојчето Вања, за која сакале да бараат откуп од близок член на семејството. По првиот неуспешен обид во петокот на 24 ноември, успале да ја грабнат во понеделникот на 27 ноември, ја ставиле во „цитроенот“ и ја однеле кај местото Бразда. Палевски бил со „рено кангу“. Тој веднаш ја убил Вања, затоа што ги фатило паника од тоа што девојчето веќе го бараат на социјалните мрежи. Ја закопале, а потоа во близина го запалиле „цитроенот“ на Жежоски, откако прво во возилото ги оставиле телефонот и клучевите на девојчето. На на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.