сабота, 14 јуни 2025

Продолжи конзервирањето на Римската терма во Банско

Продолжи реализацијата на третата фаза од проектот за конзерваторски работи на Споменичната целина Бања Банско, во село Банско, позната како Римска терма, соопштија денеска од Национална установа (НУ) Завод и Музеј Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Според оваа институција, се работи за најзагрозените делови од откриените ѕидни платна на овој објект, а конзервирањето се реализира според годишната програма за работа и одобрениот проект.

„Во Основниот конзерваторски проект за конзерваторско-реставраторски работи на дел од споменичната целина Бања Банско Струмица опфатена е и Големата Бања, нa која во 2024 година се вршеа конзерваторски-реставраторски работи на ѕид кој e меѓу просториите 2 и 5. Овие работи се продолжија како втора фаза на реализација на конзерваторско-реставраторски работи на С3 ѕид меѓу просториите 2 и 5, но на изгледот на ѕидот кон просторијата 2“, се наведува во соопштението од Завод и Музеј Струмица.

Инаку, овој проект е финансиран од Министерството за култура и туризам.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ