недела, 14 декември 2025

Продолжен рокот на повикот за субвенционирање на занаетчиите до 15 август

Занаетчиската комора денеска ги информираше занаетчиите дека е продолжен јавниот повик за субвенционирање на занаетчии на Министерството за економија. Од комората ги повикаа занаетчиите да го искористат продолжувањето на повикот, да аплицираат.

Објавено на

часот

Сподели

„Ги информираме сите заинтересирани дека јавниот повик за субвенционирање на занаетчии за 2025 година, објавен од Министерството за економија и труд на 5 јуни се продолжува до 15 август оваа година, наместо до 18 јули, како што првично беше најавено“, изјави претседателот на ЗКРМ, Агрон Фазлији.

Дополнителните информации за продолжувањето ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за економија и труд.

„Занаетчиите ќе имаат можност да набават нова опрема, да станат поконкурентни на пазарот, да придонесат во развој на локалните економии“, изјави Фазлији.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ