вторник, 9 декември 2025

Продолжен рокот на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари до 23 јули

Владата на Република Македонија информира дека поради силниот интерес и позитивниот одзив на граѓаните рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање на 400 пожарникари низ државата се продолжува до 23 јули.

Објавено на

часот

Сподели

„Одлуката за продолжување на рокот е донесена со цел да им се даде можност на што поголем број заинтересирани граѓани да аплицираат, особено имајќи предвид дека станува збор за значајна мерка која директно го засилува капацитетот на системот за заштита и спасување, особено во пресрет на летната сезона и зголемениот ризик од пожари“, се наведува во соопштението од Владата.

Оттаму потенцираат дека мерката која произлегува од Планот за вработување 2025, претставува системско и суштинско вложување во јавната безбедност и грижа за граѓаните и директно одговара на долгогодишниот недостаток на кадар во противпожарните единици.

„Владата останува посветена на создавање функционален, брз и ефикасен систем за заштита, а ги повикуваме граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат. Повикот е отворен за сите квалификувани лица, а сите детали за аплицирањето се достапни на веб- страните на општините“, дополнуваат од Владата

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ