недела, 22 март 2026

Продолжен домашниот притвор за Артан Груби

Кривичен суд информира дека по барање на обвинителството на Артан Груби му е продолжен домашниот притвор со 24 часовно полициско обезбедување. Против Груби се води истрага за злоупотребите во Државна лотарија. Од 23 февруари Груби е во домашен притвор, а досега не дал исказ пред обвинител.

 

Објавено на

часот

Сподели

Груби, заедно со поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами, се осомничени за злоупотреби со набавка на ВЛТ апарати, а проценката е дека државата е оштетена за повеќе од 8 милиони евра. По бегството во Косово, Груби сам се врати во Македонија.

Лани Груби стана и дел од црната лита на САД заедно со судијата Енвер Беџети поради сомневања за корупција во судски предмети поврзани со Сашо Мијалков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ