четврток, 11 декември 2025

Прочистувачи за воздух, донација на Иуте за училиштето „Крум Тошев“ во Трубарево

Иуте Македонија, во партнерство со Екотип и во координација со Општина Гази Баба, вчера донираше прочистувачи за воздух во ООУ „Крум Тошев“ во Трубарево. Ова училиште се најде во непосредна близина и изложеност на последиците од неодамнешниот пожар, кој ги остави децата надвор од училишните клупи и го наруши секојдневието на жителите.

Објавено на

часот

Сподели

„Со оваа донација како компанија сакаме да дадеме пример во насока на подигнување на индивидуалната и колективната свест, затоа што иднината на децата е одговорност на секој од нас, со надеж и желба дека информацијата ќе стигне и допре до што повеќе луѓе, компании и истомисленици“, велат од Иуте.

Опремата која е донирана во училиштето е од врвен германски производител, со hp14 филтер кој е единствен од таков тип на пазарот и како медицински филтер ги исполнува стандардите за чистота на воздухот и во операциони сали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ