сабота, 13 декември 2025

Прочистувачи на воздух за 49 општини обезбедени од Владата

Владата денеска потпиша договор со 49 општини за трајно користење без надомест на напредни системи за прочистување на воздухот од реномираниот германски производител MANN+HUMMEL, во вкупна вредност од 1.000.000 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа иницијатива е дел од заложбите за подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на последиците од аерозагадувањето, особено во јавните објекти во кои престојуваат најосетливите категории на граѓани, децата и младите. Прочистувачите на воздух ќе бидат инсталирани во основни и средни училишта, градинки и други јавни институции на територијата на 49 општини, идентификувани како најзагрозени според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот за периодот 2022–2024 година, соопштија од Владата.

Прочистувачите од брендот MANN+HUMMEL претставуваат мобилни системи со висока ефикасност, дизајнирани за елиминирање до 99,9 отсто од вируси, бактерии и микроорганизми, благодарение на сертифицирани HEPA H14 филтри според стандардите EN 1822 и ISO 29463. Овие уреди се наменети за употреба во училници, градинки, медицински ординации, болници и канцеларии, каде што овозможуваат континуирана циркулација на прочистен воздух и значително ја намалуваат можноста за ширење на зарази.

Анализата на податоците покажува дека суспендираните честички ПМ10 и ПМ2.5 претставуваат најкритична загадувачка супстанца, со измерени концентрации што и понатаму ги надминуваат пропишаните гранични вредности за заштита на човековото здравје. Сепак, благодарение на мерките преземени од институциите на централно и локално ниво, се забележува позитивен тренд на намалување на концентрациите, а на одредени мерни места просечните годишни вредности веќе се под дозволените граници (40 μg/m³).

„Владата останува посветена на имплементација на сеопфатната програма за подобрување на квалитетот на воздухот за периодот 2024–2030 година. Успехот на оваа програма зависи од заедничките напори на сите институции, општините и граѓаните“, се наведува во соопштението.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ