„Мислам дека низ еден конструктивен дијалог треба да се најде решение, а вистината е секогаш помеѓу. Ние како Влада сме подготвени да работиме во насока на креирање на решенија, не на проблеми. Но, ќе потенцирам тоа е наследена состојба од минатото којашто треба да ја решаваме исто како и многу други работи“, рече премиерот.
Тој се осврна на правото на сопственост и посочи дека тоа е апсолутно и неприкосновено и, како што рече, има незадоволни активисти за животната средина и мештани.
Премиерот Мицоски при тоа повторно напомена дека овој владин состав нема дадено концесија ниту на мала ниту на голема хидроцентрала и дека тоа е правено претходно.
„Тоа што во јавноста е присутно како дебата е наследено од минатото. Тоа е резултат на тендер кој некогаш го организирало Министерството за животна средна и просторно планирање и за тоа наплатиле концесија на потенцијалниот концесионер. Тие пари влегле во буџетот и ги потрошиле исто како и солидарниот данок“, рече премиерот Мицкоски.
Тој нагласи дека тие пари биле наплатени, но јавноста била измамена дека е тоа согласно Уставот.
„Години подоцна Уставниот суд вели дека тоа не е уставно и сега ние треба да ги враќаме тие пари. Така што во опозицијата создаваат и креираат двојно губитничка атмосфера во општеството“, подвлече Мицкоски.