Тој појасни дека базенот се затвора превентивно заради зачувување на хигиената во базените, додека инвеститорот го санира проблемот и додаде оти се работи за мал зафат.
„По официјалното отварање на базенот забележавме дека одводот не функционира нормално и дел од сифоните почнаа да течат, поради тоа изведувачот ја исполнува обврската за санација во гарантниот рок“, изјави Попоски за МИА.
Затворениот пливачки базен во Струга, кој 20-тина години беше руина, беше целосно реконструиран и официјално пуштен во употреба во декември минатата година. За реконструкцијата беа инвестирани околу 99 милиони денари преку Агенцијата за млади и спорт, а предаден во сопственост на ЕСМ. Во него има олимписки базен, кој ги исполнува сите стандарди за меѓународни натпревари за пливање и ватерполо, како и мал базен.






