четврток, 11 декември 2025

Пробиен претпоследниот тунел на пругата кон Бугарија

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот Фејсбук-профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба.

Објавено на

часот

Сподели

„Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија“, напиша Ивановски.

Градбата на оваа траса, нагласи, изобилува со предизвици, а еден од поголемите се пробивањето и градбата на тунелите.

„Прогресот на градбата на целиот проект не е на посакуваното ниво, но би го пофалил изведувачот за нивниот успех во градбата на тунелите. Верувам дека и во другите сегменти од градбата за многу скоро од денес ќе почнат да бележат успех“, порача Ивановски на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ