петок, 19 декември 2025

Приведени управители на фирма за злато, буџетот оштетен за речиси 65 милиони денари

Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави против две лица и правно лице поради сомнеж за сериозна даночна измама и проневера на златен накит, со што е нанесена штета на државниот буџет од речиси 65 милиони денари.

Објавено на

часот

Сподели

Според соопштението, првопријавениот Б.А., како сопственик и управител на фирмата арѓира дооел скопје, во периодот од 2020 до 2023 година присвоил трговска стока – златен накит во вредност од 197,7 милиони денари. Притоа, тој не пресметал, не пријавил и не уплатил данок на додадена вредност од над 35,5 милиони денари, како и данок на личен доход во износ од речиси 22 милиони денари, со што, како што наведуваат надлежните, е оштетен буџетот за над 57,5 милиони денари.

Второпријавениот Д.Х., исто така сопственик и управител на истото правно лице, во текот на 2024 година присвоил дел од увезената стока – златен накит и необработено сребро во вредност од над 2,6 милиони денари, како и сметководствено евидентиран кало-растур во износ од околу 22,6 милиони денари. Со тоа, според Финансиската полиција, избегнал да пријави и плати ДДВ и данок на личен доход во вкупен износ од над 7,3 милиони денари.

Со ваквите дејствија, пријавените во периодот од 2020 до 2024 година се стекнале со противправна имотна корист и го оштетиле буџетот на Република Македонија за вкупно 64.924.298 денари.

По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, денеска службени лица на Управата за финансиска полиција ги привеле пријавените лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ