понеделник, 8 декември 2025

Приведени се две лица од „Комунална хигиена“, едниот е директорот Рустеми

Две лица попладнево се приведени од скопската полиција по денешното дополнително одземање на документација од скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“. Двајцата се приведени за непостапувањето во врска со ѓубрето во град Скопје. Како што дознава МКД.мк, еден од нив е директорот Сабахудин Рустеми, a второто лице е Али Саити од Сарај, раководител во скопското јавно претпријатие за хигиена.

Објавено на

часот

Сподели

Еве што пред малку соопшти и Јавното обвинителство: „По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик (загрозување на животната средина и природата со отпадни материи)“.

Рустеми е директор „Комунална хигиена“ од 29 јануари годинава, член на ДУИ, а  поставен за директор от градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
Претходно, Рустеми како близок соработник на пратеникот на ДУИ Блерим Беџети, беше директор на јавното комунално претпријатие „Сарај“ (од 2017 до 2021 година), а потоа, за време на мандатот на Арсовска и помошник-директор на ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје.
Според вработените во „Комунална хигиена“ откако Рустеми стана директор, почнал хаосот во претпријатието, намерното оставање на сметот низ Скопје, кое зачести за време на локалните избори со што е загрозено и јавното здравје на скопјани.
Неговиот деветмесечен мандат беше проследен и со бројни финансиски скандали, поединечни договори за хонорари, испумпување милиони евра за резервни делови на возилата, пропратено со оправдувањата дека претпријатието не може да ги извршува основните задачи заради нефункционални возила.

За еден од договорите потпишани од Рустеми МКД.мк пишуваше уште во мај годинава. За интелектуални услуги – заштита на животната средина, давање совети за заштита на животната средина при вршење на услугите на претпријатието, 18-годишниот Валон Беџети, син на Блерим Беџети, потпишал договор од 12 илјади евра.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ