петок, 16 јануари 2026

Приведени се десетина лица вработени во УЈП за даночни измами и перење пари

Во вчерашната полициска акција за даночни измами приведени се десетина лица, вработени во Управата за јавни приходи. Порталот Нетпрес.мк ги објави имињата на приведените.

Објавено на

часот

Сподели

Спроед извори од истрагата, за овие лица може да биде одредена и мерка притвор:  Александар Шутов, Александар Марков, Елисавета Маркова, Адриано Дебников, Џелал Мустафа, Кадифе Исмаили, Раиф Елези и Марјан Марковиќ од Србија.

Лица лишени од слобода и изнесени пред судија на претходна постапка, на кои им се изречени мерки на претпазливост се: Елена Тафчиевска, Кристијан Јовановски, Александар Пехчевски, Гоце Веселиноски, Кети Камилоски, Ваљбона Азири Исмаили, Зухрије Реџепи, Сања Гиевска и Тања Настеска.

Вчера полициската акција се спроведуваше на повеќе локации низ државата, а е насочена кон прибирање докази за сериозно даночно затајување.

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери“, информираа синоќа од Јавното обвинителството и најавија повеќе информации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ