недела, 14 декември 2025

Приведен уште еден потпалувач, овојпат на пожар во Тетово

Синоќа во близина на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С. (74) од село Мала Речица, Тетовско. Тој околу 20 часот на негова нива во Тетово вршел земјоделски работи и при тоа на три места во нивата запалил сува трева и отпадоци.

Објавено на

часот

Сподели

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници се упатиле кон местото на настанот и го лишиле од слобода С.С., а огнот бил изгаснат од страна на ТППЕ Тетово. С.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена кривична пријава по член 288 од КЗ ,,предизвикување општа опасност“, соопшти МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ