петок, 23 мај 2025
ОЈО вели дека постапува по доказите

Приведен насилникот од Радовиш кој тепа жена и се снима, не се знае дали ќе биде задржан или пуштен (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи информира дека по видео записот кој беше споделен на социјалните мрежи, во кој се гледа како маж тепа жена, СВР Струмица ги презеде сите службени дејствија кои се во надлежност на полицијата поврзани со овој случај и насилникот е лишен од слобода. Се работи за А.А. (35) од Радовиш.

Објавено на

часот

Сподели

Настанот во СВР Струмица бил пријавен на 23 март 2025 година во 8:25 часот од страна на мајката на жртвата. Веднаш по добиената пријава биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш.

„Утврдено е дека машкото лице е А.А.(35) од Радовиш, кој истиот ден во 9:20 часот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш. Исто така бил извршен службен разговор и со нападнатата жена, во присуство на социјален работник од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, при што таа кажала дека видео записот е од јули 2024 година“, се вели во соопштението.

Од МВР појаснуваат дека во овој случај постои сомнение за сторено кривично дело телесна повреда по член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичниот закон, каде во став 5 од истиот член стои дека гонењето се презема по поднесување на предлог за гонење. Жртвата изјавила дека не сака да поднесе предлог и дека видеото било доставено од нејзината мајка.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, по чии насоки биле преземени и понатамошните мерки. Врз основа на преземените мерки, од страна на ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш на 25 март 2025 година е поднесена кривична пријава против А.А. поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело телесна повреда по член 130 став 2, а во врска став 1 од Кривичниот закон.

МВР наведува дека продолжуваат да се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот.

Од Обвинителството велат дека се постапува по поднесена кривична пријава и ќе се утврдува дали во конкретниот случај постои основ за задржување на приведеното лице. Додаваат дека ОЈО и истражните органи постапуваат врз основа на доказите во предметите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ