недела, 4 мај 2025

Приведен Косовец на Блаце, имал италијански фалсификувани документи

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 26-годишен косовски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело фалсификување исправа.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот, на 24 април веднаш по полноќ, на граничниот премин Долно Блаце при влез во државава, употребил како вистински лажни исправи – италијанска лична карта и италијанска возачка дозвола.

Бил задржан кога на пасошката контрола ги приложил лажните јавни исправи, а надлежниот јавен обвинител предложи да му биде определена мерка притвор поради опасност од бегство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ